Гоца Тржан шокира: Простете го неверството веднаш за да не добиете рак!

„Повеќето работи ги зборувам од лично искуство. Доживеав неверство, а и јас имам изневерено.“

934

Српската пејачка Гоца Тржан верува дека неверството со себе носи голема доза на немир и огорченост. Затоа, доколку не дојде до простување, може да биде причина за голем број болести, меѓу кои и за рак, пишуваат медиумите.

– Луѓето често ме прашуваат како да се справат со неверството. Неверството мора веднаш да го простите! Притоа, не мислам дека треба да преминете преку тоа, па тогаш да ги прифаќате сите глупости на партнерот, туку да му простите поради себе и својот внатрешен мир. Во спротивно, таа огорченост предизвикува разни заболувања, па дури и рак! Затоа треба само тоа да го пуштите низ вода. Ако сакате да живеете со тоа, нека тоа биде ваш избор, но тоа не е добро за вас – истакна Гоца, па додала:

„Повеќето работи ги зборувам од лично искуство. Доживеав неверство, а и јас имам изневерено. Не бев цвеќе! Во ред е да згрешиш, но не е во ред да не ги корегираш своите грешки“, рекла пејачката.

Иако не сакала да открие дали го изневерила својот сопруг Раша, признала дека на негов наговор почнала да се исповедува на Јутјуб. Во една од наредните исповеди, како што наведува, ќе зборува и за неверството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...