Гоца Тржан: Успеав за влакно да се спасам и да не бидам силувана

Во интервју за српски „Курир“ откри дека имала страшно искуство на своја 17-годишна возраст.

980

Иако српската пејачка Гоца Тржан со Иван Маринковиќ не е веќе со години, нивниот брак сè уште е главна тема во сите медиуми, а Иван во сите реални шоуа каде што учествувал зборува за нивниот однос.

Гоца во повеќе наврати досега има истакнато дека се срами од фактот што воопшто била во него, а сега во интервју за српски „Курир“ откри и дека за малку ќе била силувана кога имала 17 години.

Секогаш се изненадувам кога ќе ги прочитам коментарите под некоја вест за тоа дека некој е силуван, малтретиран. Има луѓе кои тоа го оправдуваат, а мене тоа ме шокира. Кога имав 17 години запознав едно момче во диско, ме однесе до дома и во автомобил ме нападна. Едвај успеав да спасам жива глава – открила Гоца која веќе неколку години е во хармоничен брак со тапанарот Раша кој е мошне помлад од неа.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...