Во Национална опера и балет вечер од 18 часот ќе биде отворен 10. Фестивал на ромска музика „Рома фест“, на кој ќе настапат ромски уметници од нашата земја и гости од Русија.
Организатор е Асоцијацијата „Романо Ило“ од Скопје, а на програмата се традиционални ромски песни и танци кои ќе ги презентираат 25 учесници.
Специјални гости на фестивалот се композиторката и музичарка Елена Лазаренко, виртуозот на зурла Џељо Дестановски и дувачкиот оркестар „Џамбо Агушеви“.