Горивата поскапуваат од еден од 1,5 денар

249

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и цената на Еуродизелот и тој ќе се продава по 64,5 денари за литар. Се зголемува цената и Екстра маслото за домаќинството за 1,5 денари и ќе се продава по 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,951 денари и ќе изнесува 34 денари за килограм

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 74,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 53,62 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...