Горивата поскапуваат

288

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот  и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,50 денари.  Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 денари за килограм и изнесува 33,340 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,93 проценти.лв/

РКЕ ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...