Фабриката „Горење Ваљево” која од минатата година е во мнозинска сопственост на кинеската „Hajsens група” во иднина ќе стане европски центар на оваа група за ладилници.
Овие денови се финализира трансферот на преостанатиот дел од производството на новата генерација на фрижидери од Словенија во градот на Колубара, а тоа е производство на околу 150.000 уреди на годишно ниво во кое претпријатието има инвестирано околу четири милиони евра, пишуваат српските медиуми.
Од април се очекува целокупната разладна техника на „Горење” да се произведува во Ваљево, а во прилог на постојните објекти на местото на поранешната фабрика „Elind” во план е да се гради уште една голема производствена хала. Капацитетот ќе изнесува 750.000 единици годишно, што значи дека ваљевското производство ќе се удвои.
Планирано е пробно производство во новата фабрика, која ќе вработи илјада нови работници, да започне во октомври 2020 година, а редовно во јануари 2021 година.