Со јасна визија за едноставен и пријатен живот, Gorenje успева да остане меѓу водечките компании на пазарот за производство на белата техника. Својот почеток го бележи од далечната 1950 година, како мала работилница сместена во идиличната селска област Gorenje во Словенија. Низ годините успева да стане мултинационална корпорација и да изгради сопствен препознатлив бренд. Бренд кој е посветен кон дизајнирање и изработка на апарати за домаќинство според највисоки и најмодерни стандарди, со голема иновација и модерен дизајн.
Во последните седум декади повеќе од 100 милиони Gorenje апарати за домаќинство успеваат да го најдат своето место во голем број домови, во повеќе од 90 земји ширум светот. Денес, големиот број на квалитетни апарати за домаќинство, од кои патентирани се 339 и за 37 апарати се добиени интернационални награди за дизајн, сведочат за богатото наследство на компанијата.
Со јасна визија за иднината, Gorenje продолжува да нуди голем број на значајни решенија за поедноставен живот – бидејќи едноставноста е важна.
Иновативни решенија за подобро секојдневие
Во деведесеттите години компанијата успева да ја понуди на пазарот првата електрична машина за перење на алишта (Simple&Logical). Во новиот милениум, Gorenje успева да престави и други иновативни решенија во поглед на дизајнот, притоа повторно нагласувајќи ја едноставноста. Најистакнати иновации се:
- HomeChef вградената рерна со StepBake технологијата, управувана на допир преку едноставен дисплеј во боја;
- IQCook плочата со систем на автоматска сензорска контрола врз процесот на готвење.
- WaveActive генерацијата на машини за перење и сушење на алишта создадени под мотото „Human Simplicity”, кои се темелат врз база на лесна контрола, едноставност и врвен квалитет.
Gorenje апаратите за домаќинство се создадени не само да им помогнат на корисниците во секојдневните рутини, туку и преку нив да се изрази нивниот животен стил. Gorenje беше првиот и единствен бренд кој на пазарот престави дизајнерски линии на апарати за домаќинство. Соработката во 2000 година со познатиот италијански бренд за дизајн Pininfarina, резултираше со голем успех. Инспирирани од тоа, Gorenje ја продлабочи својата соработка и со многу други познати дизајнери, како што се Karim Rashid, Ora-ïto, Nika Zupanc, Philippe Starck и многу други.
Паметни решенија за поедноставен живот
Откако стана дел од групацијата Hisense во 2018 година, Gorenje доби можност за понатамошен раст на светско ниво. Во време кога општеството станува се повеќе мобилно, интелегентно и поврзано, групацијата Hisense заедно со Gorenje се приклучи разви решенија со кои се поедноставува животот на корисниците. Платформата ConnectLife поврзува апарати за домаќинство, уреди за автоматизација во домот, телевизори, паметни светилки и ѕвончиња, создавајќи простор за пријатни моменти додека се поминува помалку време работејќи.
Gorenje со јасна визија за во иднина
Лојалноста кон словенечкиот бренд е дел од семејната традиција која се пренесува од генерација на генерација, споделувајќи ги истите вредности како доверба, сигурност и грижливост.
Мисијата на компанијата е да продолжи да ги поедноставува дневните домашни обврски и да им нуди уште подобри можности на купувачите. Компанијата ќе продолжи со создавање на иновативни решенија за сите оние кои очекуваат врвен квалитет, добри перформанси, одличен дизајн и безбедност, сѐ со цел да го направи нивниот живот поедноставен и позабавен, без разлика на нивната возраст. Совршената грижа за клиентите преку добро организирана сервисна мрежа на обучени професионалци е ветување за безбедност.
Gorenje знае дека иднината припаѓа на генерациите кои што знаат да го ценат трудот на сите бизнис компании кои се обидуваат да остават белег преку создавање на подобар и поедноставен свет за живеење, а нормално визијата на Gorenje е да продолжи да трае и во иднина. Бидејќи едноставноста е важна.
(Низ седум декади, Gorenje е бренд кој овозможува полесно, поедноставено и поквалитетно секојдневие – поедноставен живот).
Линк: www.gorenje.com.mk/70-godini-gorenje