Британскиот готвач Гордон Ремзи (52) стана татко по петти пат. Неговата сопруга Тана Хачесон се породила и на свет донела момче кое го доби името Оскар.
„По три БАФТИ и едно ЕМИ, конечно добив и еден Оскар. Посакајте му добредојде на Оскар Џејмс Ремзи“, напишал Гордон Ремзи на Фејсбук и објавил заедничка фотографија од сопругата Тана и штотуку родениот Оскар.
Гордон и Тана се во брак од 1996 година и имаат пет деца. Покрај Оскар, ги имаат ќерките Меган (21), Матилда (17), Холи (19) и синот Џек.