Во централниот дел на грчкиот остров Евија од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир.
Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евија, властите наредија траект линиите кон Атина да сообраќат во текот на целата мината ноќ.
Противпожарната служба на Евија, остров што се наоѓа на околу 70 километри северно од Атина, соопштија дека засега нема информации за жртви или опожарени објекти, но оти поради наближување на огнот спроведена е евакуација на жителите на селата Контодеспоти и Ставрос.
Пожарот зафатил голема површина под борова шума и забрзано се шири потпомогнат од силниот ветер.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 62 пожарникари со 28 противпожарни возила, како и авиони и хеликоптери.
ФОТО: Твитер
Our pure forests in #Evia #Euboea #Ευβοια #greece in jeopardy hope all ppl are safe and our heroes @pyrosvestiki fire fighters ,would give their best efforts as always 🙏🏼 pic.twitter.com/9pxj7DZNyF
— Δημήτριος ܕܝܡܝܬܪܝܘܣ (@Jim_Pana) August 12, 2018