Во сообраќајна несреќа во Северна Кореја загинаа кинески туристи, а голем број се повредени, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Бројот на жртвите не е објавен, а кинески дипломатски претставници во Пекинг изјавија дека подоцна ќе ги објават деталите.
Сударот се случил синоќ во провинцијата Северна Хвангхе, јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинеските туристи се меѓу најголемите групи на посетители на таа земја.