Голем број возачи и синоќа возеа со алкохол во крвта по скопските улици

301

И во текот на изминатата ноќ Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Во периодот од 23 часот синоќа до 5 часот изутринава скопската полиција запрела и извршила контрола на 1.101 возач.

Ккај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

Една вечер претходно, скопската полиција исто така организираше голема акција. Извршија контрола на  .1234 возачи од кои 726 биле алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество.

Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...