Силно невреме ги погоди Хрватска и Босна и Херцеговина. Како што јавуваат медиумите од регионот, во Сисак се поплавени куќи и улици, а во Сараево паѓал град со силно невреме.
Молњи и грмотевици особено имало во областа на Горски Котар во Хрватска, а како што наведуваат медиумите за многу кратко време само во централниот дел на земјата имало илјада молњи.
Најпогоден е Сисак каде вечерва се поплавени сообраќајниците и голем број објекти. Силниот ветар корнеше дрвја во градот и околината, поради што градот остана без електрична енергија.