Бројот на починати во Кина во епидемијата на коронавирусот до вчера нарасна на 362, што е зголемување од 58 лица во однос на претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.
Од новите смртни случаи дури 56 се забележени во провинцијата Хубеи, додека едно лице починало во покраината Чонгинг.
Во Кина се регистрирани уште 2.829 заболени лица, па вкупниот број сега изнесува 17.205 заболени.