Голема полициска истрага на корупција во здравството во Словенија

- За време на претресот, барани се докази за нелегално прифаќање или давање подароци - соопшти полицијата, наведувајќи дека истрагата сѐ уште трае.

315

Истражувачи на Националното истражувачко биро на Словенија (НБИ) вчера извршија претреси во домови во повеќе словенечки градови, поврзани со пријави за корупција во здравството при набавка на медицинска опрема и материјали.

Полицијата соопшти дека под сомнеж се десет физички лица и две компании, чии деловни и приватни простории се наоѓаат на подрачјето на Љубљана, Марибор, Крањ, Ново Место и Целје, јави словенечката агенција СТА.

Во истрагата учествуваат 55 истражувачи.

– За време на претресот, барани се докази за нелегално прифаќање или давање подароци – соопшти полицијата, наведувајќи дека истрагата сѐ уште трае.

Постои сомневање дека имотната корист со која се стекнале осомничените со сторените кривични дела изнесува повеќе од сто илјади евра.

Медиумите наведуваат дека истрагата била концентрирана на набавка на медицинска опрема за некои болници по високи цени, при што посебно се истакнува набавката на венски стентови за кардиолошки операции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...