Голема количина вино се излеа во река во Калифорнија

83

Повеќе од 97 илјади галони (околу 370 илјади литри) црно вино истекло од големи буриња од една винарија и завршило во река која се влева во Тихиот Океан северно од заливот во Сан Франциско.

Станува збор за количина на црно вино со која би можеле да се наполнат осум големи цистерни.

Засега нема извештаи за помор на риби, но киселоста на виното веројатно ќе ги убие инсектите со кои се хранат рибите, изјави извршниот директор на компанија за заштита на реки Дон Мекенхил.

Претставници на винаријата за Си-Ен-Ен рекле дека спроведуваат внатрешна истрага и соработуваат со надлежните органи.

– Длабоко сме загрижени и правиме се што е во наша моќ за да ги заштитите водните патишта – изјави портпарол на винаријата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...