Инспектори од Управата за јавни приходи од Скопје , вршат редовна контрола во продавниците на Пластичарската улица.
Инспекторите постапуваат по пријава од граѓани за неиздавање фискални сметки во продавниците на Пластичарска.
Како што соопштуваат од УЈП , контролите поминале без отпор од стопанствениците.
До сега УЈП извршиле контроли за издавање фискални сметки и во Дебар , Кичево , Охрид , Куманово , Дојран и други градови.