Во текот на годинава од европските земји се депортирани 520 Авганистанци, чии барања за азил се одбиени.
– До крајот на годинава бројот може да се искачи до 800 – изјави авганистанскиот министер за прашањето на бегалците, Саид Хосеин Алими Балхи.
Тој додаде дека во истиот период речиси 1.500 Авганистанци си заминале доброволно од Европа.
Во средата во Кабул пристигна група од 17 Авганистанци, чии барања за азил се одбиени во Германија.
Противниците на депортацијата на Авганистанци од Германија велат дека Авганистан сѐ уште е премногу опасен за барателите на азил поради честите смртоносни напади на Талибанците и Исламската држава.