Годинава во Европа пристигнале над 60.000 мигранти

Според податоците на ИОМ во светски рамки од почетокот на годината загинале 2.370 мигранти и бегалци, со што медитеранската рута со 1.520 жртви е „најопасна во светот“. 

41

Од почетокот на 2018 година во Европа преку Средоземното Море пристигнале над 60.000 мигранти и бегалци, а повеќе од 1.520 загинале или исчезнале на патот кон европскиот континент, соопшти денеска Меѓународната агенција за миграција (ИОМ).

– До 8 август во Европа пристигнале 60.309 мигранти и бегалци, а загинале 1.520 лица, од кои 10 само оваа недела – изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милман на прес-конференција во Женева.

Најголем број од мигрантите и бегалците што годинава пристигнале во Европа или 24.600 биле прифатени во Шпанија, речиси 19.000 во Италија, околу 16.500 во Грција, околу 250 на Малта и над 100 на Кипар.

Милман нагласи дека во истиот период лани преку Медитеранот во Европа пристигнале 117.000 мигранти и бегалци, а во 2016 година над 263.000.

Според податоците на ИОМ во светски рамки од почетокот на годината загинале 2.370 мигранти и бегалци, со што медитеранската рута со 1.520 жртви е „најопасна во светот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...