Гласини дека Роми „крадат деца“ поттикнаа напади врз ромска населба во Париз

87
EPA/YAHYA ARHAB

Лажните вести проширени на социјалните мрежи дека Роми „краделе деца“, иницираа насилни напади врз припадници на ромската заедница во парискиот регион, поради што се приведени дваесетина лица, јави дописникот  на МИА.

На притворените ќе им се суди по скратена постапка под обвинение за намерно предизвикување на насилство и уништување на добра со подметнување пожар.

Тие се товарат дека вооружени со ножеви и стапови во понеделникот учествувале во „казнена експедиција“ против припадниците на ромската заедница во дивата населба Клиши су Бус.

И додека медиумите, владата, префектурата и градските власти се обидуваат да ги спречат гласините за наводните крадења на деца, жителите на Клиши су Бус во текот на ноќта организираа ноќни стражи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...