Гламурозни баби „растураат“ на Инстаграм

Седумдесет и едногодишната Џени Ки пак рекла дека не сака да биде стара женичка која седи во дом за стари лица со виолетова коса.

348

Кога се говори за влијателни девојки, за Инстаграм, за модни икони, секогаш повеќето луѓе помислуваат на млади жени, поточно на оние што се родени во доцните 80-ти и деведесетите години. Но, повозрасните дами, се повеќе го пронаоѓаат својот пат на социјалните мрежи.

Неколку дами веќе неколку пати го излудуваат интернетот, а отворено покажуваат дека животот не запира после 60-тата година. Без разлика дали се мажени или не, дали работат или уживаат во своите пензионерски денови, повеќето од нив се баби, а на Инстаграм имаат куп следбеници, благодарение на нивните совети за животен стил и модниот вкус.

Овие жени ја менуваат сликата за тоа како би требало да изгледа реалноста и како во староста би требало да се чувствуваат жените.

Лин Слејтер, која има 64 години, е професорка на Универзитетот Фордхам во Њујорк, а на пошироката јавност и е позната како Инстаграм идол. Таа има повеќе од 520.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

– Немам 20 години. Не ни сакам да имам 20 години, но сум неверојатно кул. На тоа мислам кога објавувам фотографии – рекла Слејтер, објави „Њујорк тајмс“.

Седумдесет и едногодишната Џени Ки пак рекла дека не сака да биде стара женичка која седи во дом за стари лица со виолетова коса.

Џени инаку се занимава со дизајн, а нејзините следбеници на Инстаграм (повеќе ид 32.000 корисници) се воодушевени од нејзиниот стил.

– Ако завршиме во дом за стари лица, ќе пушиме марихуана, ќе јадеме здрава храна и ќе имаме одличен стил – додава Џени за својот план за иднината, што не се вклопува во стереотипи.

Дека стилот и грациозноста немаат никаква врска со годините го докажува и некогашната Плејбој зајачица Дори Џејкобсон, која веќе е навлезена во деветтата деценија од животот.

Дори (83) на својот профил на Инстаграм рекламира долна облека и покажува како луѓето да се облекуваат модерно и со вкус и во третото животно доба.

– Носете го она што ви се допаѓа, а она „соодветно на годините“ нема никаква врска со тоа – порачува Дори.

Без разлика дали носи шарени џемпери, оскуден костим за капење или розова маица со натпис „Биди проститутка, работи што ќе посакаш“, Вен Винкл стекна култен статус, а ја следат повеќе од милион луѓе на Инстаграм.

Вен е амбасадорка на голем број брендови за нега на коса, тело и светски познат производител на вотка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...