Кога Меган пред неколку месеци се појавила во јавноста со суптилен црвен кармин на усните, многу обожаватели и пријатели на кралското семејство тоа ги изненадило, бидејќи кралските правила налагаат суптилност и минимализам кога е во прашање шминката, накитот и, во повеќето случаи, облеката, во што црвениот кармин баш и не се вклопува.
Меѓутоа, како што пренесува „Поп шугар“, поради големите разлики во улогите помеѓу Кејт и Меган, некои правила не се однесуваат на двете.
Имено, ако принцот Вилијам стане крал, а Кејт кралица, нејзината улога во Велика Британија ќе биде исклучително значајна, а поголема одговорност ќе ѝ донесат и строгите правила кога е изгледот во прашање.
Од друга страна, мошне се мали шансите принцот Хари да стане крал, а Меган кралица, поради сите оние кои имаат право на титулата пред него, затоа улогата на
Меган во кралското семејство автоматски е помала од онаа која ја има Кејт, поради што нејзе ѝ е дозволено да „прекршува“ некои модни и правила за убавина кои ги налага кралското семејство.
Токму затоа многу е веројатно дека Меган ќе ја гледаме во пократки фустани од оние на Кејт и со похрабра шминка, бидејќи нејзините граници, сепак, се пошироки од оние кои мора да ги почитува војвотката од Кембриџ.