Ги чува коските, го јакне мозокот, го превенира ракот, па дури и подмладува

Која е оваа чудотворна билка? Се, разбира, руколата. Сто грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали

1580

Руколата е преполна со влкна кои му помагаат на варењето, заситува и по консумирањето не чувствувате потреба за мрсна и слатка храна. Помага да го снижите холестеролот и да го држите под контрола нивото на шеќер.

Сто грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали кои се неизмерно здрави за нашето здравје.

Како член на семејството зелки, зелените делови од руколата се богати извори на одделни фитохемикалии, како што се индоли, тиоцијанати, сулфорафан и изотиоцијанати. Сите овие соединенија имаат противканцеогени ефекти на естрогенот  и така можат да обезбедат заштита од рак на простата, на дојки, на грлото на матката, дебелото црево, јајниците.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...