Руколата е преполна со влкна кои му помагаат на варењето, заситува и по консумирањето не чувствувате потреба за мрсна и слатка храна. Помага да го снижите холестеролот и да го држите под контрола нивото на шеќер.
Сто грама свежа рукола содржат само 25 калории, но многу значајни фитохемикалии, антиоксиданси, витамини и минерали кои се неизмерно здрави за нашето здравје.
Како член на семејството зелки, зелените делови од руколата се богати извори на одделни фитохемикалии, како што се индоли, тиоцијанати, сулфорафан и изотиоцијанати. Сите овие соединенија имаат противканцеогени ефекти на естрогенот и така можат да обезбедат заштита од рак на простата, на дојки, на грлото на матката, дебелото црево, јајниците.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey