Германците гледаат позитивно на соживотот со странците

Во споредба со последната анкета од 2015 година, пред бранот бегалци, ситуацијата не е значително променета.

69

Повеќето германски граѓани позитивно гледаат на соживотот со странците и веруваат дека бегалците ќе придонесат за економскиот просперитет на земјата, произлегува од студијата чии резултати денеска ги објавија германски медиуми.

– Граѓаните, без разлика дали се со странско потекло или не, гледаат главно позитивно на соживотот на имигрантите и локалното население во Германија, се вели во студијата на Одделот за истражувања на Советодавното собрание при Германската фондација за интеграција и миграција(СВР).

– Централната порака на ова истражување е дека климата за интеграција во Германија останува стабилна и на скала од нула до 100, се движи помеѓу 64 и 70, при што нулата укажува на целосно негативен став кон интеграцијата, а 100 е сосема позитивен став, вели директорот на СВР, Томас Бауер.

Т.н. барометарот за интеграција, СВР го објавува во редовни интервали. Во споредба со последната анкета од 2015 година, пред бранот бегалци, ситуацијата не е значително променета.

ФОТО: UNHCR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...