Германско обвинителство: Постојат индиции дека убиецот од Ханау е терорист

Полицијата соопшти дека верува оти напаѓачот се вратил дома по нападот и се застрелал. Напаѓачот, како што хави ДПА поседувал легално огнено оружје.

67

Германското федерално обвинителство соопшти денеска дека постојат индиции дека напаѓачот кој уби девет лица во барови во Ханау, на 20 километри од Франкфурт, имал ултрадесничарски мотиви и поради тоа, истрагата се води за тероризам.

– Врз основа на што досега го знаеме постои ксенофобична основа поради која тој ги извршил нападите, изјави Петер Беут, министер за внатрешни работи на сојузната покраина Хесен.

Полицијата соопшти дека верува оти напаѓачот се вратил дома по нападот и се застрелал.Напаѓачот, како што хави ДПА поседувал легално огнено оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...