Германско обвинителство бараа екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

82

Регионалното обвинителство на германската покраина Шлезвиг-Холштајн поднесе официјално барање до покраинскиот Апелациски суд за екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Шпанија.

Обвинителството посочува оти смета дека барањата на Мадрид се легитимни.

Пуџдемон беше уапсен во Германија во март, на враќање од Финска, врз основа на потерницата за апсење издадена од Мадрид по референдумот за независност на Каталонија лани во октомври, кој Шпанија го прогласи за неуставен.

Судот претходно одлучи дека екстрадиција врз основа на обвинението за бунт е неприфатлива, бидејќи таквото кривично дело, според германските закони, вклучува и вршење насилство, за што нема докази во овој случај.

Канцеларијата на обвинителството минатиот месец соопшти дека добила нови докази, односно видеа, кои наводно докажуваат насилство врз шпанската полиција. Немирите на снимките „се од таков степен”, што Пуџдемон може да биде екстрадиран врз основа на обвинението за бунт, објасни претставник на Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...