Германски турист прва жртва на коронавирусот во Египет

Лицето кое почина од Ковид-19 е германски државјанин кој покажал симптоми на инфекција по доаѓањето од Луксор во Хургада, соопшти министерот за здравство Калед Мугахад.

134

Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата.

Египетското Министерство за здравство соопшти дека се работи за 60-годишен Германец кој пред една недела влегол во земјата и бил хоспитализиран во болницата во одморалиште на Црвеното Море во Хургада.

– Лицето кое почина од Ковид-19 е германски државјанин кој покажал симптоми на инфекција по доаѓањето од Луксор во Хургада, соопшти министерот за здравство Калед Мугахад.

Во Египет со вирусот се заразени 55 лица од кои 45 се на крузер во пристаништето во Луксор, а 19 од нив се странци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...