Германските компании имаат интерес да инвестираат во Македонија

Бектеши го информираше Мартенс дека Министерството за економија, како директен учесник во креирањето на законите и мерките за бизнис секторот, секогаш ќе биде отворено за соработка со бизнисот за да се создадат нови вредности, понуди и нови инвестиции.

102

Интересот на германските компании за инвестирање во  Македонија како и можностите за обучување на нови кадри, кои ќе бидат корисни за новите компании и бизниси, биле тема на разговор на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија Патрик Мартенс.

На средбата, соопшти Министерството, се разговараше и за инвестициската клима во Македонија, за тековните проекти и за можностите за понатамошна соработка.

„Бектеши го информира Мартенс за економскиот раст, кој е зголемен за 3,1% во вториот квартал по стагнацијата во 2017 година, како и за позитивните перформанси во економијата во Македонија и за новите мерки од Планот за економски раст, за кои се очекува дека ќе бидат двигател на економијата во земјава“, соопшти Министерството за економија.

Директорот на делегацијата на германското стопанство во Македонија Патрик Мартенс го запозна министерот Бектеши за интересот на германските компании што сакаат да инвестират во Македонија, изразувајќи надеж за подлабока соработка со сите засегнати страни од бизнис секторот, како главни актери за одржлив економски развој.

На средбата се дискутираше и за можностите за обучување на нови кадри, кои ќе бидат корисни за новите компании и бизниси, а веќе се пријавиле за користење на мерките на финансиска поддршка понудени од страна на државата и на кои ќе им биде потребен нов кадар.

Бектеши го информираше Мартенс дека Министерството за економија, како директен учесник во креирањето на законите и мерките за бизнис секторот, секогаш ќе биде отворено за соработка со бизнисот за да се создадат нови вредности, понуди и нови инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...