Германските компании воведуваат скратено работно време

Во производниот сектор, 5,5 проценти од компаниите веќе воведоа работа со скратено работно време, во споредба со само 3,8 проценти во јуни,

271
Бесплатна фото / Пикселс

Скратено работно време е се повеќе присутно во германските компании во индустрискиот сектор, според студијата на економскиот институт Ифо од Минхен.

Во производниот сектор, 5,5 проценти од компаниите веќе воведоа работа со скратено работно време, во споредба со само 3,8 проценти во јуни, се вели во соопштението на Ифо доставено до Танјуг.

Во исто време, дури 12,4 проценти од компаниите очекуваат да воведат работа со скратено работно време во текот на следните три месеци, во однос на само 8,5 проценти во јуни.

Работата со скратено работно време во германската индустрија во моментов е концентрирана во седум сектори, според истражувањето на Ифо.

Во текстилната индустрија се воведоа работни места со скратено работно време во 20 проценти од компаниите, а потоа следуваат компании за производство на електрична опрема (11 проценти), компании за производство и преработка на метали (10 проценти) и компании за производи од метал (девет проценти).

Кај автомобилската индустрија, ова е седум проценти и шест проценти кај компаниите за производство на хартија и картон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...