Германските инвеститори подготвени да ги зголемат своите инвестиции во земјава

Германските бизнисмени на тркалецна маса со македонски претставници се информираа за понатамошните можности за инвестирање.

262
ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA

Северна Македонија е одлична локација за германските инвеститори што се покажа во изминатите 10 години. Германските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги зголемат своите инвестиции, како на пример ОДВ Електрик, Костал, Кеслер, порача Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство на земјава на тркалезна маса во Берлин каде што учествуваше заедно со министерот за странски инвестиции, Бардул Даути.

На тркалезната маса присуствуваа и претставници од шест германски компании, од кои дел веќе инвестирале во земјава и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, а дел сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди земјава за новите инвеститори.

Како што информираат од Германската стопанска комора, Мартенс заедно со министерот Даути во Берлин се сретнал со Волкер Трајер, директор на Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, Хелге Толксдорф, шеф на одделението за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција, Макси Хулсен, раководител на Одделението за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија во Германската комора за индустрија и трговија и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...