Германските бизнисмени го поздравија одлагањето на прогресивниот данок

59

Одлуката на Владата за прологирање на прогресивното оданочување денеска ја поздрави и Делегацијата на германското стопанство во земјава. Оттаму потсетуваат и дека нивниот став дека не треба да се воведе прогресивното оданочување и на зголемувањето на данокот на доход го кажале на почетокот на годината. Тогаш беше критикувана владата дека не го вклучила бизнисот во поготовката на законската одлука.

–  Се чини дека Владата воочи дека прогресивното оданочување, како што беше и нашата претпоставка, допринесе за даночно затајување и зголемување на сивата економијата. Со актуелната одлука Владата се доближува кон потребите на стопанството – вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Мартенс во својата изјава наведува и дека веќе се сретнал со министерката за финансии Нина Ангеловска која го информирала дека резултатите што се очекувале од прогресивното оданочување сѐ уште не се постигнати и оти во периодот што следи Владата сака да се фокусира на оптимални, фер и ефикасни решенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...