Германските бизнисмени бараaт датум за преговори со Скопје и Тирана

Стравуваме и од популистички и други движења во тие земји, додава Хармс.

176
Бесплатна фото / Пикселс

По политичарите, и германските бизнисмени изразија поддршка на процесот на проширување на Европската унија и повикаа за започнување на преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија.

Германскиот бизнис сектор стравува дека пролонгирањето на нова одлука ќе го наруши проевропскиот курс на земјите од Западен Балкан.

Раководителот на Источниот комитет на германската економија Михаел Хармс во интервју за Ројтерс предупредува за тешки последици ако одлуката одново се одложи.

– Колку подолго се пролонгира, толку поразочарани ќе бидат граѓаните на ЕУ, вели Хармс.

Министрите на ЕУ вчера не успеаја да постигнат договор за започнување на пристапните преговори со Скопје и Тирана. Одлуката за Македонија ја блокира Франција која бара реформа на преговарачкиот процес.

– Стравуваме и од популистички и други движења во тие земји, додава Хармс.

Ако Европската унија не успее да го исполни ветувањето за перспективите на тие земји на владите во Западен Балкан ќе им биде се потешко да го задржат населението на јасен проевропски курс, предупредуваат германските бизнисмени. Конечната одлука за преговори со двете земји ќе биде донесена на Самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.

Германската канцеларка Ангела Меркел која како и повеќето членки на ЕУ поддржува отворање на преговорите прашањето ќе го разгледа со францускиот претседател Еманул Макрон денеска во Тулуз за време на меѓувладината конференција.

Хармс посочува дека станува збор само за почеток на преговорите, а дека членството ќе настапи дури откако двете земји ќе ги исполнат сите критериуми.

– Економски, овие земји се многу интересни за нас, рече Хармс.

Германските фирми веќе имаат многу инвестирано во Северна Македонија, а земјата се развива политички и економски,  посетува Ројтерс.

-Тоа мора политички да се награди, нагласува раководителот на Источниот комитет на германското стопанство Михаел Хармс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...