Покраинскиот суд во Штутгарт парично ја казни германска компанија за производство на оружје Хеклер-Кох поради кршење на Законот за контрола на трговијата со оружје. Компанијата треба да плати казна во висина од 3,7 милиони евра.
Спротивно на одредбите на Законот, петмина поранешни вработени во Хеклер-Кох во периодот од 2005 до 2009 година продавале автоматско оружје на купувачи во кризните региони во северниот дел на Мексико.
Во пресудата се наведува дека продадени се 4.500 пушки Г36 за приближно 4,1 милиони евра.