Германската компанија „Гересхајмер“ ќе гради фабрика во Скопје

Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а замјава се изборила во конкуренција со регионот.

1024

Германската компанија „Гересхајмер“ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје во која ќе вработи 400 лица од кои голем број ќе бидат високостручни кадри. Инвестицијата ќе биде во повеќе фази, а првата фаза почнува годинава. Фабриката треба да биде готова на крајот на 2020 година.

Инвестицијата денеска на прес конференција ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев и Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“.

– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите – изјави Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.

Премиерот Зоран Заев рече дека владата работи напорно да креира добри услови во економијата.

– Рабориме на нови реномирани странски инвеститопри кои ќе дојдат во земјата – рече Заев.

Вицепремиерот Анѓушев соопшти дека ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава се изборила во конкуренција со регионот.

– Ова само покажува дека транспарентните програма и субвенции кои ги води Владата  се покажаа како најатрактивни во регионот. Освен нови вработувања и вложувања, од инвестицијата се очекува додадена вредност и на полето на кадарот во Македонија бидејќи ангажираните работници ќе стекнат големо искуство, работејќи со високотехнолошката опрема – рече Анѓушев.

Тој додаде дека покрај оваа уште 30 компании веќе градат во земјава, а странските инвестиции ќе бидат многу повисоки годинава од остварените лани.

„Гересхајмер“ беше поканет да инвестира во Македонија пред десет месеци. Станува збор за германски лидер во производството на пластични и стаклени софистицирани пакувања за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија. Има производствени капацитети во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, а согласно деловниот план планира отворање уште една фабрика.Во овие фабрики работат околу 10.000 лица, а остварува годишен приход околу 1,3 милијарди евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...