Германски суд денеска реши да ја одобри екстрадицијата на иранскиот дипломат Асадолах Асади во Белгија, каде ќе му се суди за подготовка на терористички напад.
Асади, кој е ирански дипломат со престој во Баварија, е осомничен дека учествувал во операција чија цел била да се подметне бомба на собир на иранската бунтовничка група МЕК во близината на Париз. МЕК, или „народните муџахедини“, организираа собир на кој присуствуваа и американски политичари како Руди Џулијани и Њут Гингрич.
Се претпоставува дека иранската тајна служба, преку нејзините дипломатски претставништва, сакала да детонира бомба на овој собир. Белгиската полиција уапси две лица со потекло од Иран кои превезувале експлозив, по што почна истрага низ неколку европски држави.
ФОТО: ФБ