Германија со сѐ поголеми тешкотии при надгледување екстремисти во државата

144

Германската агенција за државна безбедност е соочена со сѐ поголеми тешкотии при надгледување екстремисти во државата. Тоа се нагласува во извештај објавен од весникот Велт ам зонтаг.

Припадниците на екстремната десница во Германија се послабо организирани и тоа го отежнува нивното следење, се додава во извештајот на Федералната служба за заштита на Уставот.

Во исто време поголемите екстремистички групи веќе немаат големо влијание и како главни играчи се споменуваат „мали групи и индивидуи без особено сложена организација“.

Радикализацијата сега се врши пред сѐ онлајн во социјални мрежи и чет-групи, и тој фактор го прави следењето „многу потешко од порано“. Според документот цитиран од весникот, различни екстремно-десничарски движења кои немаат контакти со останатите, имаат потенцијал за извршување терористички акции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...