Германскиот министер за правда Катарина Барли изрази разочараност од планот на британската премиерка Тереза Меј за ќорсокакот за прашањето за брегзит.
– Велика Британија треба да организира втор референдум – изјави Барли.
Меј вчера изјави дека ќе се обиде да најде излез од ситуацијата во парламентот со барање за нови отстапки од ЕУ за ирската граница.
– Разочарана сум. Тоа не е начинот – изјави Барли за радиото Дојландфунк. Барли која има германско и британско државјанство изјави дека нацрт договорот со ЕУ нема да биде променет.
Таа додаде дека може да биде направена отстапка ако има втор референдум.
– Тоа може да ја смири ситуацијата – смета Барли.