Германија привремено ја прекинува воената обука во Ирак

206

Германија донесе одлука за прекин на обуката на ирачките вооружени сили од страна на германски инструктори, поради зголемувањето на тензиите во регионот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин.

Министерството објасни дека ваквата одлука е донесена бидејќи Германија има одредени сознанија оти постои ризик од напади поддржани од Иран.

Сепак, Министерството нагласува дека ова не значи целосно откажување на обуките, тука само нивни привремен прекин и дека тие ќе продолжат во иднина.

Германскиот магазин „Фокус Онлајн“ информира дека Берлин ја донел ваквата одлука во координација со државите сојузнички од коалицијата за борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД). сп

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...