Германија преку „Тајмс“ ги повика Британците да останат во ЕУ

251

Водечки фигури од германската политика ја повикуваат Велика Британија да остане во Европската унија. Тие упатија писмо објавено во Тајмс и потпишано од 31 човек меѓу кои и новиот лидер на Христијанско-демократската унија Анегрет Крамп-Каренбауер и поранешниот голман на Арсенал, Јенс Леман.

Основен акцент во писмото е Велика Британија по војната. Споменати се улогата на Лондон во моментот, повоените пабови и пантомимата, заради кои тие ги повикуваат Британците да останат во Унијата.

– Без вашата голема нација, овој континент немаше да биде истиот – се нагласува во писмото.

– По ужасите од Вората светска војна, Британците не се откажаа. Ја прифатија Германија назад како суверена нација и европска сила.

Тие наведуваат дека „го почитуваат изборот“ на Британците кои сакаат да ја напуштат ЕУ, и ако државата го направи тоа, „се уште ќе има пријатели во Германија и во Европа“.

– Нашата врата секогаш ќе биде отворена, нагласуваат потписниците во писмото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...