Германија и Франција почнаа проект за борба против нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од Западен Балкан, во рамки на подготовката на овие земји да се приклучат кон Европската унија.
Во функција на почетокот на оваа значајна активност средба во Тирана денеска одржаа меѓународните претставници.
– Проектот има за цел да контролира околу четири до шест милиони парчиња лесно огнено оружје во шест земји од Западен Балкан.
Дел од оружјето беше користено за терористички напади, како што беше оној во Париз во 2015 година, кога животот го загубија 130 лица, а останатото оружје е во рацете организираниот криминал, објавија албанските медиуми.
Германскиот официјален претставник Маркус Блејнорт изјави дека „е време за разоружување“.
Албанските министри за внатрешни и надворешни работи, Фатмир Џафај и Дитмир Бушати се заложија за подготовка на заедничка стратегија во справувањето со таквата појава, како и стопирање на извозот на оружје во земјите каде постои конфликт.
Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и Босна и Херцеговина се во различна фаза од процесот на пристапување во ЕУ. Секоја од страните се обидува да се ослободи од нелегалното оружје со помош на ЕУ