Германија има недостиг од 440.000 работници

1709

Работа има, а нема работници – и тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски фирми. На Германија во моментов ѝ недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.

Само во електроиндустријата има кусок од 50.000 инжинери, во ИТ-секторот околу 55.000 стручњаци, додека во машиноградбата околу 11.000 – односно 50 отсто повеќе од минатата година, пишува Дојче веле.

Дури 60 отсто од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувани работници им е најголем деловен проблем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...