Германија забрани извоз на оружје во Турција поради турската воена операција во североисточна Сирија, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
– Со оглед на турската воена офанзива во североисточна Сирија, сојузната влада нема да издаде нови лиценци за целата воена опрема што Турција би можела да ја користи во Сирија, изјави Маас за „Билд ам Зонтаг“.
Само во 2018 година, Германија извезе оружје во вредност од 243 милиони евра во Турција, што е речиси една третина од вкупниот извоз на оружје на Германија.