Германија воведува задолжително вакцинирање против мали сипаници

236

Германскиот Бундестаг започна со советување за законски измени со кои се воведува обврска да се вакцинираат деца од предучилишна и училишна возраст против мали сипаници, јавуваат германските медиуми.

– Мојата желба е ниту едно дете да не заболи од мали сипаници и никој да не умира од последиците од оваа болест, рече државниот секретар во Министерството за здравство Томас Гебард.

Тој додаде дека 95 проценти од граѓаните треба да бидат имуни на мали сипаници.

Законските измени предвидуваат дека од март следната година, при запишувањето на децата во училишта и градинки, родителите мора да достават доказ дека детето е вакцинирано против мали сипаници.

За непочитување на обврската предвидена е казна од 2.500 евра.

Единствената парламентарна партија која не поддржува воведување обврска за вакцинација е Алтернатива за Германија (АфД).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...