Германија бара реформи на Советот за безбедност на ОН

59

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас повика да биде зголемен бројот на постојаните членови на Советот за безбедност на ОН, во согласност со модерните времиња.

– Советот за безбедност, кој беше формиран пред повеќе од 70 години, повеќе не е актуелен – изјави Маас.

Тој го изјави ова во денешното изнтервју за ДПА.

– Верувам дека рамнотежата на моќта во светот мора да биде прикажана многу подобро отколку што е тоа во моментов – рече тој.

Германија од 1 јануари ќе биде привремена членка на СБ на ОН. Ова тело има пет постојани и 10 привремени членови, но Маас верува дека Германија заслужува да добие столче меѓу постојаните членки.

– Иако ќе биде тешко, ние нема да се замориме од ставањето на ова прашање на дневен ред. За реформите се зборуваа многу долго, без никаков напредок – рече Маас.

Реформата на Советот за безбедност е предмет на расправа од почетокот на 1990-тите. Како и Германија,  Јапонија, Бразил и Индија, исто така, повикаа на проширување на телото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...