Германија ќе мора да ангажира поголем број странски работници за да може да го одржи темпото на стопанскиот раст и просперитет, покажуваат податоците од истражувањето на економскиот институт ИВ.
Според институтот, германскиот економски раст изминативе години немаше да биде можен без ангаирање на работна сила од странство.
Во периодот од 2012 до 2017 година во Германија биле вработени 1,3 милиони странци, наспроти 1,6 милиони нововработени Германци.
Најголемиот број од овие странци се од државите членки на ЕУ, а само околу 386.000 се од трети земји.