Политичарите на владејачката демохристијанска-
Со тоа ќе се овозможи понезависно финансирање на работата на џамиите во Германија, кои моментално се финансираат од странски пари.
– Наша цел треба да биде ослободување на исламот во Германија од странско влијание и посилна ориентација кон извори во Германија – изјави потпретседателот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Торстен Фрај.
Тој истакна дека воведувањето данок за муслиманските верници, по примерот на црковниот данок кој го плаќаат верниците од протестанските и католичките цркви во Германија, би бил прв чекор во вистински правец.
И помалиот партнер во Владата на канцеларката Ангела Меркел, Социјалдемократската партија на Германија (СДП) бара одвојување на исламскиот верски живот во Германија од странското влијание.
Џамиите во Германија, кои бројат над два милиона турски верници, се под директна контрола на турското здружение Дитиб, кое е подредено на турската Влада. Од друга страна, постојат повеќе џамии кои се под директно влијание на заливските земји, како Саудиска Арабија, во кои се негуваат исклучително конзервативни форми на ислам.