Љубител на игри на среќа од германскиот главен град Берлин, 20 години на лотарија ги играл истите броеви и викендов, конечно, освои 1,67 милиони долари.
Играчот чие име не се открива, од 1998 година упорно ги повторувал истите шест бројки на „Лото 6 од 49″ кое се извлекува секоја сабота, па деновиве конечно му се посреќи.
Според претставник на Лотаријата во Берлин, уплатата на добитното ливче чинела 6,75 евра.