Герет Бејл мораше да ја откаже венчавката поради сплет на неверојатни околности

Свекорот во затвор, баџанакот пронајден мртов, дедото и бабата вмешани во трговија со дрога.

289

Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл е принуден да ја одложи венчавката со својата свршеница Ема Рис Џонс, поради бизарните семејни проблеми.

Венчавката наводно е откажана, тврди британски „Сан“, поради тоа што двојката имала многу семејни проблеми оваа година.

– И понатаму многу се сакаат, само имаат многу работи за што мора да се позанимаваат прво – тврди извор за „Сан“.

Бејл и Ема планирале раскошна венчавка во древниот замок во Тоскана, Италија. Бил најавен и настапот на американската мега ѕвезда Бијонсе. Меѓутоа, поради сплетот на неверојатните околности кои се случија во изминатиот период, фудбалерот бил присилен да ја откаже венчавката.

Еден од главните проблеми е таткото на Ема, Мартин, кој неодамна излегол од затвор. Ема наводно сака да се смири со својот татко кој шест години поминал во затвор откако претходно ги мамел луѓето за пари и вкупно им украл речиси три милиони долари.

Проблем со законот нема само таткото на Ема. Членовите на нејзиното семејство се познати по аферата во која исчезна куфер во кој беа 850.000 евра од трговијата на дрога. Освен тоа автомобилите на нејзините баба, дедо и тетка се запалени од непознати лица во 2016 година, откако ги посипале со бензин во куќата на нејзината тетка во Велс.

Проблеми со законите во Велс нема само нејзиниот татко.

– Тоа беше бурен период за нив во последните неколку години, особено за Ема, бидејќи сепак, тие се нејзини роднини. На некои од нејзините роднини им беше соопштено дека нема да бидат поканети на венчавката. Сепак, многу работи би можело да се случат во наредната година и ние се надеваме дека тие ќе се смират дотогаш – рекол извор близок до семејството.

Во екот на планирањето на венчавката, Ема примила уште една страшна вест. Момчето на нејзината сестра е пронајден е мртов.
Тој наводно се убил во моментот додека бил под истрага од социјалните служби во врска со старателство над своите деца. Ема по овој шок се вратила од Шпанија за да ја утеши помладата сестра која неодамна се породила.

Герет и Ема се запознале во основното училипте. Планирале двојна венчавка, грандиозна свеченост со познати личности во Италија и интимна венчавка во Кардиф. Ема и Герет имаат три деца.

Поради сите овие непредвидени работи парот одлучил да ја откаже свадбата, инаку тие веќе имаат три деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...