– Македонскиот пазар веќе го освоивме и сега наш предизвик се странските пазари. Не се задоволуваме со постигнатото бидејќи ако сакаме да сме присутни таму мора секојдневно да вложуваме во нова опрема и нови форми на пластична амбалажа за да можеме да бидеме конкурентни и покрај тоа што моментно располагаме со широк асортиман на гајби за пијалоци, земјоделски производи и амбалажа за прехранбената индустрија – вели Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер во „Гепластик“.
Производите на „Гепластик“, како што вели Ѓурова, ги задоволуваат меѓународните стандарди за квалитет и зачувување на животната средина што беше услов неодамна да се учествува на Бизнис форумот во Атина кој се одржа во организација на Стопанските комори на Македонија и Грција.
– На форумот во Атина учествуваа повеќе од 40 бизнис компании од различни индустриски дејности од двете земји што за нас беше големо искуство. Со некои од нив воспоставивме контакти и веќе комуницираме и договараме заедничка соработка во блиска иднина. За тоа сме подготвени, а веќе остварената деловна соработка и со некои странски фирми ни дава надеж дека во 2019 година конечно ќе излеземе на странскиот пазар – изјави Ѓурова.