Гебрејесус: Не е време за страв, туку за преземање акции

80

Епидемијата на новиот коронавирус ја достигна „клучната точка“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Гебрејесус и ги повика сите земји во светот да ги зголемат своите напори со цел ефикасно спречување на ширење на вирусот.

– Вирусот има потенцијал на пандемија. Сега не е време за страв,  сега е време за преземање акции како да се спречи инфекцијата и да се спасат животи – рече Гебрејесус.

Претставници на СЗО посочија дека соработуваат со организаторите на Олимписките игри во Токио и истакнаа дека не веруваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за одржување на игрите, што треба да почнат кон крајот на јули годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...